Обновени спомен-плочите на лауреатите на СВП во Паркот на поезијата

Од:

Во Паркот на поезијата во Струга обновени се спомен-плочите со отпечатени имиња и земјата од која доаѓаат од сите досегашни лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, поставени пред засадените дрвца, соопшти Дирекцијата на фестивалот.

Досегашните бронзени плочки, кои, беа честа мета на кражби и вандалство, според информацијата од СВП, се заменети со плочки од композитен материјал со метален слој.

– На плочките се отпечатени имињата на лауреатите, заедно со земјата на нивното потекло, а отпечатени се и кјуар-кодови, кои при скенирање со мобилен телефон ги водат корисниците до специјално создадени линкови на веб-страницата на „Струшките вечери на поезијата“, на конкретниот лауреат каде што може да се погледне неговата биографија и поезија, стои во соопштението.

На 60-годишниот јубилеј, како што е посочено, идејата е да се врати Паркот на поезијата во фокусот на јавноста и да се потенцира неговата вредност и уникатност, но и да се промовира поезијата и добитниците на „Златниот венец“.

Годинашната манифестација се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“ со кое се потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски