Oбјавена книгата со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ од Пере Ристески

Од:

Oбјавена книгата со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ од Пере Ристески

Скопје, 4 октомври 2018 (МИА) – Излезе од печат книгата со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ на авторот Пере Ристески.

Во книгата се поместени 70-тина хаику песни, кои тематски се однесуваат на ветерот Стрмец карактеристичен за охридскиот регион.

Книгата е поддржана од Општина Охрид, а е во издание на ПНВ Публикации од Скопје.

– Авторот на оваа книга, е вистински хаику-мајстор кој ги води читателите низ тајните на хаикуто експериментирајќи со него, модернизирајќи го и доближувајќи го културолошки до македонското читателство, велат од издавачката куќа.

Пере Ристески е роден 1977 година во Струга. Автор е на девет книги поезија, од кои пет со хаику поезија. Неговата хаику поезија е преведена на бројни јазици и редовно се објавува во книжевни списанија и антологии во Европа и светот. Добитник е на значајни интернационални признанија, пофалници и дипломи.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“