Објавен повикот за учество на 53-тиот ДАФ во Кочани

Од:

Годинашното 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе биде одржано во Кочани од 29 мај до 3 јуни, а средиштето на настаните ќе биде во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“. Советот на фестивалот за селектор на годинашниот ДАФ го наименува Дарко Спасов, драматург.

– Подготовките за годинашното издание на ДАФ веќе се започнати. Го објавивме огласот за пријвување за учество на фестивалот и досега на фестивалската адреса се пријавија триесетина аснамбли од Македонија и од странство. И годинава фестивалот ќе има меѓународен карактер, а ќе бидат доделени повеќе награди, изјави Благој Пенов, директор на ДАФ.

Пријавувањето за учество на фестивалот ќе трае до крајот на овој месец, а селекторот Спасов на почетокот на месец мај ќе ги соопшти учесниците на фестивалот по што ќе биде соопштен и репертоарот на гонешниот Драмски аматерски фестивал.

Поддржка на фестивалот и годинава даде Министерството за културеа, општина Кочани како и неколку компании од приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“