Објавен е официјалниот трејлер на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за Оскар

Од:

Пред неколку дена беше објавен првиот инсерт од филмот „Дара од Јасеновац“, српскиот кандидат за Оскар на Предраг Гага Антонијевиќ, а сега може да се погледне и неговиот официјален трејлер.

Трејлерот е увертира за американската дистрибуција на филмот, која ќе започне на 5 февруари.

„Дара од Јасеновац“ е емотивно силна драма која се занимава со историска траума, нудејќи, пред сè, почит кон жртвите. Темата е исклучително значајна, болна и трауматична, со тоа што филмот ја избегнува стапицата на будење на духовите од минатото, бидејќи не е ставен во политичкиот дискурс. Остварувањето не се занимава со бројки и општи места, туку со индивидуални судбини, со што се создава многу сугестивна слика за трагедијата што се случила, се вели во српските медиуми.

Премиерата на „Дара од Јасеновац“ во Белград симболично е закажана за 22 април, датумот што ја одбележува 76-годишнината од пробојот на последните затвореници од логорот Јасеновац. По премиерата во Белград на 22 април, филмот ќе биде достапен во кината низ цела Србија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ