НУ Центар за култура-Битола со циклус филмови снимени според бајките на браќата Грим

Од:

НУ Центар за култура-Битола во своето Арт-кино ќе приреди циклус филмови од германска продукција снимени според бајките на браќата Грим.

Манифестацијата „Волшебниот свет на браќата Грим“ ја организираме во чест на јубилејните 200 години од првото објавување на збирката „Бајки за деца“ од браќата Грим, информираат од оваа национална установа.

– Првата проекција ќе биде утревечер со почеток во 18 часот, кога ќе биде емитуван филмот „Пепелашка“ во режија на Уве Јансон, снимен во 2011 година. Кино проекциите на петте германски филмови снимени според бајките на Вилхелм и Јакоб Грим претставуваат задолжителна лектира за секое дете во светот, дел од светското културно наследство но и во пишуваното културно наследство на УНЕСКО, истакна Љупка Коларова-Пајевиќ, стручен соработник во НУ Центар за култура-Битола.

Во периодот од 4 до 10 февруари за најмладите битолчани во Арт-кино на НУ Центар за култура на репертоарот ќе биде филмот „Пепелашка“, во периодот од 11 до 17 февруари ќе се емитува филмот „Масата, магарето и стапот“, а од 18 до 24 февруари филмот „Госпоѓа Холе“.

Во текот на месец март ќе бидат емитувани „Бременските музиканти“ и филмот „Снежана“ со што на 10 март завршува оваа манифестација, организирана во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институт и Ал Сат Телевизија, информираат од НУ Центар за култура-Битола.

– Сите проекции почнуваат во 18 часот, а во сабота и недела ќе биде организирано кино-утро кое ќе почнува во 11 часот. Во меѓувреме подготвуваме детски Фестивал за слика и филм, а за возрасните ќе приредиме Циклус филмови на култниот шпански режисер Карлос Саура, најави Коларова Пајевиќ.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата