Новогодишен сатирикон во Делчево

Од:

Изложба на бугарска и македонска карикатура, сатира и поезија имаа можност да посетат голем број љубители на пишаниот збор и карикатурата во Делчево на синоќешниот „Новогодишниот сатирикон“.

Организатор на настанот е Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево. Директорката Анита Петровска истакна дека во рамките на изложбата на бугарска карикатура се изожени преку 100 авторски дела на над триесет најзначани бугарски карикатуристи.

– Меѓу авторите застапени на оваа изложба вредно е да се споменат имињата на далеку познатите карикатуристи Иваило Цветков, Јовчо Савов, Валекс Александров, Чочо Пеев, Љјубомир Михаилов и други, а оваа вечер делчевци имаат ретка можност да ги видат и карикатурите со кои нашиот познат карикатурист Блаже Докуле освои бронзена плакета на интернационалниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја, во конкуренција на целокупната светска елита на карикатуристи, истакна Петровска.

Пред љубителите на афоризмот, сатиричарот Миле Ѓорѓијоски направи пресек за животот и делото на починатиот бард на македонската сатира Иван Карадак, беше претставен и избор од афоризми од неговата последна книга „Мисли со боцки“. Со избор на свои афоризми се претставија и сатиричари Ленче Стоиенова, Јане Атанасов и Миле Ѓорѓијоски, додека на настанот свој печат му дадоа и роднокрајните автори поети Стева Спасовски и Христина Деолска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски