Новиот циклус поетски карвани на ДПМ почнува во Свети Николе

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска во Свети Николе ќе го почне новиот циклус од 17 поетски карвани. Гостувањето ќе биде вечер на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, каде што ќе настапат 20 истакнати македонски поети од повеќе генерации.

На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат д-р Јордан Ѓорчев од Славјанскиот универзитет и Веле Смилевски, претседател на ДПМ. Договорено е оваа средба да биде традиционална и секоја година да се одржува во втората половина на јануари.

Новиот циклус поетски каравани ќе се реализира во соработка со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле. Поетите ќе го продолжат карванот и во Струмица, Тетово, Битола, Штип, Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

Во поетскиот караван на ДПМ низ Македонија ќе учествуваат 80 поети од сите генерации. Караванот ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамки на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17-ти до 19 декември.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска