Нови археолошки наоди на Коклов рид кај Виница

Од:

Едномесечните истражувања на археолошкиот локалитет „Коколов рид“ во село Виничка Кршла крај Виница на површина исфрлија бројни ќерамички наоди кои го надградуваат постоечкиот научен материјал кој потекнува  од железно време, како и движен материјал од римскиот период.

– Со етапни ископувања кои траат неколку години се следи еден континуитет на живот на оваа населба кој започнува од третиот милениум пред нашата ера, периодот на раното и доцното бронзено време како и железното време. Истражувањата ќе продолжат во Музејот со систематска обработка  на откриениот материја. За целосно откривање на вредноста на материјалот ќе биде ангажиран и антрополог кој ќе работи на научна обработка на материјалот, изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот Теракота од Виница.

Истражувањата на овој локалитет финансиски се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, како и од општина Виница

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска