Тања Балаќ изложува во Галеријата на Тутунска банка

Од:

Во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка ќе биде отворена 21. самостојна изложба „Invisible Exposure“ (Невидлива изложеност) на уметницата Тања Балаќ.

Изложбата опфаќа дела работени во последните две години, кои ја преиспитуваат положбата на човекот во современиот свет, кој всушност е „озрачен“ со севкупниот технолошки развој и секако со се подоминантната дигитална технологија.

tanjabalic1

– Правам обид да укажам на осаменоста на поединецот во светот во кој владее императив на социјална вмреженост во виртуелното секојдневие. Живееме во време во кое како да ни е неопходно „свесно слепило“, за да ја сочуваме илузијата за самите себеси, или пак за светот во кој живееме. Што поголемо е лудилото, толку сме колективно поспремни на себезалажување, вели познатата македонска сликарка Тања Балаќ.

Авторот на текстот за каталогот, Горанчо Ѓорѓиевски, меѓу другото истакнува: “Балаќ елспериментира и создава уникатен спој во нејзините слики, користејќи класични сликарски техники надополнети со несликарски материјали (плексиглас и печатен текст), создавајќи дела чија инспирација е човекот.“

Изложбата ќе биде отворена до 20. 09. 2015.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи