Нов театарски проект на Центарот за култура Крива Паланка

Од:

Со прикажувањето на монодрамата „Жените на Шекспир”, Националната установа Центар за култура-Крива Паланка го претстави новиот театарски проект поддржан од Министерството за култура.

– Новата монодрама „Жените на Шекспир” ќе биде прикажана на јутјуб каналот на официјалната фб страница на Центарот за култура. Премиерата е закажана за утре, вторник, 24 ноември, во 20 часот. Се работи за театарската монодрама замислена како бриколаж, мозаик од женските ликови од трагедиите „Кралот Лир”, „Макбет”, „Отело” и „Хамлет”, олицетворени во еден женски принцип, комплетен поглед на женското писмо и код во овие стожерни драми од опусот на еден од најголемите мајстори на драмата – вонвременскиот Вилијам Шекспир. Како измешани бои на слика или уште подобро калеидоскоп се вртат силните карактери на ликовите:Дездемона, Офелија, Лејди Макбет и Корделија, впиени во една многузначна слика од бои емоции и мисли, изјави Глигор Цветковски, координатор на театарот при НУЦК, Крива Паланка.

Во претставата игра актерката Елизабета Стефановска, режијата е на Глигор Цветковски, костимограф Ванчо Василев, снимател Ѓорѓи Костовски, а звукот и монтажата се на Петар Спасовски и Александар Гоцев.

-Преку длабокиот и слоевит талент на актерката се отвораат и се мешаат одмаздата, љубомората, чедноста, невиноста со злото, жедта за моќ и власт, се делат на атоми и повторно се обединуваат карактерните особини, плотта и животниот сок на овие прототипови на женско писмо, поглед и разбирање на светот на луѓето, себе си, љубениот и сето она што Шекспир го вградил во нив брилијантно и безвремено, додаде Цветковски.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија