„Носталгија втор дел“ – изложба на Коста Дупчинов за старите занаети

Од:

Старите занаети се во фокусот на втората самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов, насловена „Носталгија втор дел“, која ќе биде отворена вечер од 18 часот во Кинотеката. Изложбата ќе прикаже 34 фотографии испечатени на фотоплатно и тематски е продолжение на неговата прва изложба „Носталгија“ од 2017 година.

– Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно време, занаетчии и нивните дела. Додека нивното време минува, нивните дела и занаети остануваат безвременски, со носталгичен став гледаат кон минатото. Овие занаети се инструментални за многу заедници низ историјата, а услугата што им ја прават на луѓето е немерлива, но за жал, умира во нашиот современ свет, соопшти организаторот на изложбата.

Коста Дупчинов (1985, Битола), дипломирал на Техничкиот факултет во Битола на отсекот Информатика и компјутерска технологија. Трета година е на постдипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија Охрид, отсек Кинематографија.

Љубовта кон фотографија ја има од најрана возраст, инспириран од неговиот дедо кого често го гледал како фотографира и развива фотографии. Професионално се занимава од 2006 година, како фотограф во фотостудио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за телевизија Канал 5.

Во 2011, како еден од основачите на Фотокино клуб Битола, почнува да учествува на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби и освоено 20-ина награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата која ја претставува земјава на ФИАП Светскиот куп на фотографија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска