Нобеловецот Ферид Мурад ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Од:

Македонската академија на науките и уметностите денеска ја посети проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.

Како што соопшти МАНУ, Мурад имал разговор со членовите на Одделението за медицински науки на Академијата и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ.

Раководителот на центарот „Георги Д. Ефремов“, проф. д-р Александар Димовски, го запознал Мурад со нивната работа, тековните научни проекти и соработката со проминентни меѓународни институции од оваа област, а гостинот ја посетил и лабораторијата на истражувачкиот центар.

Ферид Мурад, кој во 1998 година доби Нобелова награда за физиологија и медицина, вчера доби титула „Почесен доктор на науки“ од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој е роден во 1936 година во Индијана, САД. Има потекло од гостиварското село Лакавица, каде бил роден неговиот татко.

Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија. Во негова чест гостиварската општа болница го носи неговото име.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија