НЛБ Галерија: Изложба на дела од Драгица Ристеска Димитровска

Од:

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во НЛБ Галерија ќе се отвори изложба на дела со наслов: „Фрагменти“ од академскиот сликар Драгица Ристеска Димитровска.

„Фрагменти” е проект на апстрактни дела изработени во техниката акрил на платно. Драгица Ристеска Димитровска изминативе две години работи на овие слики, кои се дел од нејзиниот последен циклус. Оваа нејзина целина е инспирирана од безбројните фрагменти, остатоци, сеќавања, сенки, рефлексии кои ги пронаоѓа околу себе во секојдневните предмети, бројните урбани и рурални пејзажи, градби и градови, мистични прозорци, во комплексноста и убавината на природните текстури и слоеви што се преклопуваат во композиција создавајќи одредена димензија.

Фрагментот како сеќавање, остаток и дел од нешто, како исечок од стара фотографија, како сложувалка што се надоградува, од малите нешта кои навидум се неважни, но се со длабоко суштинско значење.

„Инспирацијата ја наоѓам во локалната средина, но и во многуте патувања низ светот. Бојата е моето средство со кое добивам можност бар за миг да ја донесам убавината на просторот што го инхибирам. Да ја освојам убавината на урбаните и руралните пејзажи, градби и градови, мистични прозорци кон светлината, мистериозни флуктуации на водата, фрагментите на старите ѕидови, комплексноста и убавината на природните текстури и слоеви што се преклопуваат во композициите создавајќи ја димензијата”, вели за своите дела уметницата Ристеска Димитровска.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска