Никола Маџиров на поетски фестивали во Летонија и Ерменија

Од:

Македонскиот поет Никола Маџиров учествува на поетски фестивали во Летонија и Ерменија. Од денес Маџиров е поет-гостин во Рига, европскиот град на културата за 2014 година. Тој ќе настапи на меѓународните „Денови на поезијата“ кои завршуваат на 17 септември.

Утре тој ќе чита поезија на македонски јазик во вечерта насловена „Север-југ“ заедно со Марја Кангро од Естонија, а ќе биде претставен и преводот на неговите стихови на летонски јазик.

На фестивалот настапуваат и поети од Јапонија, Чешка, Полска, Италија, Белорусија, Турција, Украина. Маџиров ќе настапи и на универзитетот во Рига, а од 18-ти до 28-ми септември ќе учествува на меѓународниот фестивал „Книжевна арка“ кој ќе се одржи во Ереван, Ерменија.

Во фокусот на фестивалот се „Цивилизациските трагедии и книжевноста“, а ќе настапат автори од Европа, Америка и Азија. Поезијата на Маџиров е веќе преведена на над четириесет јазици.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот