Никола Маџиров избран за селектор на „Поезифестивал Берлин“

Од:

Поетот Никола Маџиров е избран за куратор и селектор на поетскиот фестивал „Поезифестивал Берлин“ кој ќе се одржува од 7-ми до 15 јуни во Берлин.

Маџиров е автор на проектот со работен наслов „Home(r) For Exile“ или „Дом за егзил“ на кој ќе учествуваат десет врвни светски поетски имиња. Покрај идејниот концепт, тој ќе модерира пет вечери во рамките на фестивалот, во вид на поетски читања и разговори со по двајца различни автори секоја вечер.

Негови гости ќе бидат неколкукратниот кандидат за Нобелова награда Адам Загајевски, венцоносецот Томаж Шаламун, најекспонираниот поет од источна Германија Дурс Гринбајн, а своето учество го потврдиле и автори од поранешниот Советски Сојуз, Египет, Сирија, Јужна Африка, Јамајка.

Вечерите се одржуваат во Германската академија на уметностите во Берлин, а фестивалот е посетен од над илјада гости секоја година.

Фестивалот веќе 12 години ги привлекува најголемите светски автори, како Лори Андерсон, Лоренс Ферлингети, Ив Бонфоа, Били Колинс или нобеловците Херта Милер и Дерек Волкот.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје