„Невидливото“ – Изложба на Тома Димовски

Од:

В петок, 21 декември, во 20 часот, во ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложбата на Тома Димовски – „Невидливото“.

Изложбата на Тома Димовски е рефлексија на невидливото. Визуелна поезија која ни ги доловува нашите одрази во силни лирски бои. Накратко, речиси и ние ништо не гледаме, но Димовски го гледа невидливото. Изложбата опфаќа портрети, мртва природа и пејсаж работени во техника акрил на платно, суптилно поставувајќи го прашањето „Дали кога гледаме околу нас ја имаме вистинската претстава за светот?“. Изгледа дека денешниот човек се повеќе гледа во празнината отколку во нешто конкретно.

Тома Димовски е борец и творец, и не случајно го одбира Велес за домаќин на оваа самостојна изложба која претставува пресек на неговата работа во изминатите 10 години. Роден е 1968 година во Скопје, дипломирал на етнологија на ПМФ, а денес е 4-та година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Антони Мазневски.

Изложбата која ќе биде отворена до 27 декември е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска