„Неименуваното е одговор“ – изложба во Даут-пашин амам

Од:

„Неименуваното е одговор“ е насловена изложбата која од денеска до 20 септември ќе биде поставена во галеријата Даут-пашин амам под кураторство на Ивана Васева. Националната галерија ја организира изложбата во соработка со Музејот на американска уметност во Берлин, Валтер Бенјамин, Ели Га, Адријан Паци, Доплгенгер и македонските уметници Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски. За изложбата е користена и документација од студентски протест во 1959 година во Скопје.

Националната галерија во најавата за изложбата наведува дека изборот и начинот на кој се прикажува минатото денес е од клучно значење за демократизацијата на современото општество и дека историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување.

– „Неименуваното е одговор“ е изложба за постојаниот отпор кон светот во кој живееме и е изградена од отпорни политички субјективности. Тие зборуваат за важноста на прекинот/контестирањето со постоечките облици на знаење и делување како клучен за процесите на деколонизација на знаењето во рамките на институцијата на уметноста. Изложбата ги тестира границите на издржливоста, не во физичка смисла на зборот, туку во опирањето во границите на канонот и зададеностите од минатото, како и во естетската репрезентација, чии уметнички гестови понекогаш се јавуваат и како случајни настани или реакции.Таа на крајот зборува и за губењето на препознатливоста во идентитетот и преку тоа воведување на концептите на заедништво и солидарност, соопшти организаторот.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска