Недела на современ јапонски филм во Кинотека на Македонија

Од:

Филмскиот циклус „Недела на современ јапонски филм 2015“ од утре до сабота ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Сите филмофили и љубители на јапонската култура ќе имаат можност да погледнат филмови во најразлични жанровски категории.

Годинава тематската целина на филмскиот избор е „Динамична Јапонија“. Ќе бидат прикажани филмот со боречки вештини „Танчарот карате кид“, акциониот филм „Опасни женски“, комедијата „Кралот на извинувањето“ и документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“.

– Културната размена меѓу двете држави е значајна за меѓусебно разбирање и почитување. Културата е одраз на идентитетот на една држава, па затоа токму во ваков вид на успешни културни настани ние можеме подобро да се запознаеме со една така далечна земја како што е Јапонија, изјави Александра Младеновиќ, в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Филмскиот циклус се реализира во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Фондацијата за култура на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ