Недела на шпански филм во Кинотека

Од:

Со проекција на документарниот филм „Омега“ денеска во Кинотеката почнува Неделата на шпански филм. На програмата се седум остварувања во кои доминираат семејните теми прекршени низ призмата на социјалните и општествено-политичките прилики, но и портрети на „малите“ луѓе врамени во големата историска слика.

Публиката ќе може да ги гледа „Духот на пчелната кошница“ од Виктор Ерис, кој во хрониките на шпанската кинематографија е закитен со епитетот „врвно остварување“, дебитантскиот филм на Базилио Мартин Патино „И девет писма за Берта“ што спаѓа меѓу најзначајните наслови на новата шпанска кинематографија, како и „Национално наслество“ и „Ракетата од Калабуч“ на Луис Гарсија Берланга, кои се суптилна вивисекција на четириесетгодишната диктатура на Франциско Франко.

Прикажани ќе бидат и социјалната драма „Невините светци“ на Марио Камус, како и „Матахарис“ на Исиар Бојаин.

Кинотека го почна првото претставување на шпанската кинематографија во форма на Недела на шпанскиот филм во октомври 2009 година. Изминатите 12 години соработката меѓу Амбасадата на Шпанија во Скопје и Кинотеката резултираше со прикажување десетици филмови и претставување на најрепрезентативните автори на шпанската кинематографија, од класиците Луис Буњуел, Хуан Антонио Бардем, Луис Гарсија Берланга или Карлос Саура, до бројните современи автори од крајот на дваесеттиот век до ден денес.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска