Недела на македонскиот филм во Приштина

Од:

Со проекцијата на филмот „Среќна нова ‘49“ во режија на Столе Попов, вечерва во 20 часот во киното „Абц“ во главниот град на Косово започнува „Неделата на македонскиот филм“, која ќе трае до сабота, 7 декември.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, манифестацијата ја организира државната филмска куќа „Косовафилм“, со поддршка на Министерството за култура на Косово, во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

На публиката во приштинското кино на отворањето на манифестацијата ќе им се обратат актерот Мето Јовановски, кој толкува една од главните улоги во „Среќна нова ‘49“, директорот на Кинотека на Македонија Владимир Ангелов и директорот на „Вардар филм“ Насер Цури.

Претходно, на Факултетот за уметности при Приштинскиот универзитет денеска напладне ќе се одржи дебата, на која, покрај гостите од Северна Македонија, ќе учествува и директорот на „Косовафилм“ Гани Мехметај.

Утре ќе биде прикажан „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, в среда (4 декември) „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, в петок (6 декември) „Медена ноќ“ на Иво Трајков, а „Неделата на македонскиот филм“ в сабота (7 декември) ќе ја затвори филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ