11-годишниот Наум Михајловски, член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола е најнаградуваниот млад ликовен уметник за минатата година.
На денешната прес-конференција на Студиото, која се одржува по повод денот на формирањето на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, како и по повод денот на раѓањето на најголемиот пријател и поддржувач на студиото, Тоше Проески, раководителот Коста Хаџиантоновски ги презентираше успесите на младите ликовни творци и лично им ги врачи медалите, дипломите и други награди кои членовите ги освоија во текот на минатата година.
– Успешната 2015 година ја завршивме со награди за 18 деца, а најнаградуван е Наум Михајловски кој лани ја доби највисоката награда во Канагава-Јапонија. Имено, Михајловски доби награда од претседателот на УНЕСКО во Јапонија, златен медал во Индија, како и почесна награда од градот Торун во Полска. Горди сме на наговите успеси, како и на успесите на другите членови на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, истакна Хаџиантоновски.
фото: миа