Научна средба за Св. Климент Охридски по повод патронатот на НУБ

Од:

Делото на Свети Климент е најчистиот кладенец од кој нашиот род веќе 11 векови ја обликува својата духовност и црпи благодатни сили.

Ова денеска го истакна директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје, Иван К.Заров пред почетокот на 9. Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“, организирана по повод патрониот празник на Библиотеката.

Посочи дека во оваа јубилејна година кога ја чествуваат 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски не може, а да не ја подвлече онтолошката нишка со која ние неговите потомци и следбеници кореспондираме со неговиот духовен завет, обликувајќи го сопствениот светоглед и однос кон традицијата преку никогаш непрекинатиот духовен дијалог со минатото кој е секогаш актуелен и отворен за современа интерпретација.

– Во тој дух е и годинешната дветта научна средба во која се вклучени трудови од наши еминентни интелектуалци кои од различен дискус разгледуваат аспекти на Светиклиментовото дело кое верувам ќе поттикнат и разјаснат некои не до крај дефинирани аспекти поврзани со неговото дело, додаде Заров.

Ѓакон Дејан Борисов рече дека Свети Климент е примерот кој ние треба да го следиме и треба на нашите поколенија да го пренесеме како што тој ни го пренел нам преку пример.

На научната средба учествуваа професори и познавачи на делото на големиот просветител: Стојан Ристески, Елизабета Димитрова, Ѓоко Ѓорѓевски, Милош Линдро и Ана Ѓорѓевиќ.

Во рамки на свеченоста беше отворена и изложба на избрани публикации со текстови од св. Климент Охридски и книги и статии посветени на неговото творештво објавени во Македонија и странство, заедно со неколку уметнички дела на кои е претставен неговиот лик.

Во рамки на програмата за одбележување на патронатот настапи Византискиот женски црковен хор од црквата „Св. Петка“ во Скопје. Како и во минатите години, по повод патронатот беа доделени и традиционалните награди за вработените и беше положено цвеќе на споменикот на свети Климент Охридски во дворот на библиотеката.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски