Настапот на бендот „Јерико“ полн погодок за кичевци

Од:

Премиерниот настап на групата „Јерико“ синоќа пред кичевци, во целост ги задоволи вкусовите на присутната публика.

Програмата беше составена од два дела – прв дел со акустична верзија на гитара и вокал на Петрит Чарканџиу и втор дел – изведби во полн состав на бендот.

-Сметам дека она што вечерва го слушнавме од бендот „Јерико“ во целост ги задоволи нашите очекувања. Тие музицираа на висок професионален стил, со прецизна изведба на сите нумери, изјави Мазлам Османи, директор на кичевскиот Центар за култура.

Посочи дека за само четири дена во Кичево се случи уште еден голем музички настан, по дводневните настапи на фолклорниот фестивал.

Убавото време беше како создадено за вечерни концерти на отворен простор, а летната сцена од Центарот за култура е како создадена за ваков вид настани.

На синоќешниот концерт беа присутни и поголем број постари членови на поранешни бендови од градот, според кои, концертот на групата „Јерико“ беше на високо професионално ниво и сметаат дека вакви концерти треба да бидат почести во Кичево.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка