Народниот театар „Антон Панов” со претставата „Бледица” го одбележа Ден на театарот

Од:

По повод 27. март –Меѓународниот ден на театарот, на „Сцената 212” во Центарот за култура „Антон Панов”, глумците на струмичкиот театар ја одиграа „Бледица“ од Васил Манчев, а во режија на Кире Горгиев.

Во фоајето на „Сцена 212” пред публиката, меѓународната порака од Дарио Фо ја пренесе актерот Ванчо Василев, а Ангелина Тренчовска ја прочита македонската порака упатена од професорката на Факултетот за драмски уметности, Мими Таневска.

Претставата „Бледица”, која по три децении повторно е на репортоарот на НТ „Антон Панов”, со својата драмска подлошка, видена од окото на режисерот Кире Горгиев, но и новата динамика во играта на седумте актери, ја привлече театарската публика во Струмица.

Уметничкиот раководител на театарот „Антон Панов”, Драган Маџиров, синоќа најави нови четири премиери на претстави, со што април ќе биде месец на театарски настани.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“