Највисока оценка од „Дејли телеграф“ за рециталното издание на Трпчески за „Вигмор хол“

Од:

Со највисока оценка од 5 ѕвездички, рецензентот на угледниот лондонски „Дејли телеграф“ го поздравува излегувањето на рециталното издание на нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески за престижната етикета на „Вигмор хол“.

Салата „Вигмор“ во британската престолнина е првата концертна сцена за класична музика во светот што има своја сопствена ЦД-етикета, во чии рамки на носач на звук се претставени настапите  на најпознатите светски музички ѕвезди. Има распоред од над 400 настани годишно, за кои се продаваат 165.000 билети.

На својот најнов компакт-диск, Трпчески пред пошироката јавност ја претставува својата изведба во живо на престижниот подиум во салата „Вигмор“ од 18 март 2012 година. Концертната и ЦД-програма ја отвораат „16-те германски танци“ и „Фантазијата Вандерер“ од Франц Шуберт, а продолжува со дела од Бах и Лист, како и со изведбите на бис од незаборавната концертна вечер што го вклучува и Шопен.

– Едноставно мора да ги слушнете 16-те германски танци на Шуберт за да ги увидите височините на интерпретативната задача на Симон Трпчески, истакнува музичкиот критичар на „Дејли телеграф“ Џефри Норис, кој поентира дека „неговото созревање е радост да се доживее. Тој проширувањето на својот репертоар го прави со мудрост и стилска проникливост“.

За својот најнов компакт-диск, Трпчески за Македонското радио вели:  „Навистина е голема одговорност да се снима цеде во живо. Но чистата магија честопати е токму во изведбата во живо. Се надевам дека ова цеде ќе и се допадне на публиката и дека ќе ужива во него.

По стоечките овации што ги собра во шведската престолнина на настапот со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм, рециталниот распоред веќе в недела го води нашиот пијанист во Беркли, Соединетите Американски Држави, каде што ќе изведе дела од Шуберт и Лист – програма и за новото претставување во Ванкувер, Канада.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска