Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Најдоброто од Македонија“ на 17 истакнати македонски сликари од сите генерации.
Со свои дела се претставуваат Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Симон Шемов, Ниче Василев, Паскал Гилевски, Новица Трајковски, Стефан Хаџи-Николов, Димитар Малиданов, Драги Хаџи-Николов, Доне Миљаноски, Методија Николовски, Боро Митриќески и Илија Аџиевски. Изложбата ќе ја отвори Раде Силјан.
„Матица македонска“ со оваа изложба ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.
Изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.