Награда за МКЦ за придонес во развојот на македонската алтернативна музика

Од:

Младинскиот културен центар викендов доби почесна награда за особен придонес во развојот на алтернативната македонска музика, во рамки на манифестацијата МАН (Македонски алтернативни награди).

– Наградата за МКЦ значи одговорност и обврска за продуцирање нови програмски активности кои ќе придонесат во развојот на сцената и ќе ја „урбанизираат“ скопската културна понуда, соопшти МКЦ за добиената награда од МАН.

Целта на МАН е да ги награди субјектите кои во изминатите години ја градат, одржуваат и етаблираат алтернативната музика во Македонија.

Манифестацијата се одржа во саботата кај „Школка“ во Градскиот парк, со учество на голем број музичари од алтернативната музика.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје