Награда во Еквадор за „Јон Вардар против Галаксијата“

Од:

Првиот македонски анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ја освои наградата за најдобар долгометражен филм на 9. Филмски фестивал во Портовјехо, Еквадор.

Фестивалот се истакнува по својата програма која промовира иновативни и храбри филмски дела од целиот свет. Ова е четврта фестивалска проекција на филмот во Латинска Америка, по претходните успешни учества во Аргентина и Бразил.

„Чест ми е што Јон Вардар ја продолжува својата галактичка одисеја низ Латинска Америка, тоа е признание не само за нашата екипа, туку и за целата македонска анимација. Топлината и љубопитноста на оваа публика совршено се поклопуваат со бунтовниот и хумористичен дух на филмот.“ вели режисерот Гоце Цветановски.

Балканскиот хумор, сатиричниот тон и универзалните теми на филмот ја освојуваат и латиноамериканската публика.

Филмот е во сценарио и режија на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Би можело да ве интересира

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

А1он

Македонската анимација стигна до Уругвај: „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

Горан Наумовски

„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Отворен е конкурсот за наградата за најдобар предов „Драги“ 2

Италијанска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Cartoons on the Bay во Пескара