Претседателството на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија ѝ ја додели повелбата „30 Септември“ на Љубица Стојковска, за нејзините многубројни преводи од англиски на македонски јазик.
Признанието на Стојковска вчера ѝ го врачи писателот Паскал Гилевски, претседател на Советот.
– Софија Сеговија, Виктор дел Арбол, Кејт Аткинсон и Џулијан Барнс се само дел од авторите во преведувачката работа на добитничката Стојковска, соопшти Сојузот.
Повелбата е именувана по Светскиот ден на преведувачот – 30 Септември. Врачена е со задоцонување поради пандемијата КОВИД-19, но е задржан континуитетот на нејзиното доделување, наведуваат од Претседателството на Сојузот.