Над 50 археолошки артефакти откриени во истражувањата на локалитетот Мрдаја

Од:

Богат археолошки движен и недвижен материјал досега е собран во истражувањата на археолошкиот локалитет Мрдаја, на брегот од Дојранското Езеро, кој беше откриен во 2012 година при градежните работи за проширување на градската плажа во Стар Дојран.

Како што соопшти Министерството за култура, археолошкиот материјал е со хронолошка припадност во доцнобронзеното време и преодот кон железното време.

– Досега се откриени 54 колци од палафитна населба и изработки од бронза (ножеви, српови, јадици, како и една секира), цели или фрагментирани делови од керамички садови со карактеристична  мат-обоена  декорација и специфичните амфоровидни садови богато украсени со врежување. Евидентирани се и фрагменти од керамички садови за секојдневна употреба и складирање прехранбени продукти. Сите овие наоди упатуваат на припадност на долновардарскиот културен круг, со временска определба во периодот од XIII до XI век пред Христа, се наведува во соопштението.

Археолошките активности на локалитетот се одвиваат во континуитет, трета година по ред, и се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. Носител на проектот е  НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со НУ Музеј – Гевгелија. 

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска