Над 5 500 пријави за поддршка на проекти од културата во 2020

Од:

Комисиите во Министерството за култура ги разгледуваат пристигнатите апликации на конкурсите за Годишната програма за поддршка на проекти од културата од национален интерес во 2020 година. Пристигнале повеќе од 5 500 пријави на објавените годишни конкурси, од кои над илјада се пријави од 60-ина национални установи од културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура.

– Стручните комисии веќе интензивно работат на разгледувањето на пристигнатите апликации на конкурите за Годишната програма. Сакам да потенцирам дека и годинава ќе бидат поддржани издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Инаку, процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите ќе биде во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот за 2020 година и бодирањето на стручната комисија од областа, изјави за МИА Фатон Фазлиу, шеф на Кабинетот на министерот за култура.

Додаде дека сите учесници на конкурсите ќе бидат известени за резултатите во согласност со Законот за културата, а резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура. Објавените резултати, кои се очекуваат на крајот на месецов или на почетокот на февруари, ќе содржат информации за носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за негова реализација.

Дејностите во кои се распределени апликациите што се разгледуваат комисиски се за литература и издаваштво, драмска дејност, сценско-уметничка и фолклорна дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн, интердисциплинарна дејност, меѓународна дејност, евроинтеграции, дејност за заштита на недвижно културното наследство и аудиовизуелни добра, музејска дејност и нематеријално културно наследство и библиотечна дејност.

Вкупниот буџет за културата во 2020 година е 3,46 милијарди денари, од кои 980,1 милиони денари се за дејностите од културата.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ