Националното богатство во мрак и влага, директорката на изложба во Њујорк

Од:

Се уште нема струја во Националната галерија на Македонија. Под оваа јавна установа од национален интерес спаѓаат објектите Чифте амам кој се наоѓа во Старата чаршија, галеријата во Даут пашин амам и просторот на Мала станица. Причината за ова се неплатените сметки за струја на Националната галерија. Заради исклучената струја, вчера не се отвори најавената изложба Современа словенечка фотографија“ која ја организираше Фото-сојузот на Македонија, иако биле пристигнати и гости од Словенија.

Вработени кои сакаа да останат анонимни тврдат дека ова не е прв пат, институцијата во која спаѓаат три значајни галерии да остане без струја. А заради условите во галериите, на вработените, работното време им почнува oд 11 часот.

12233508_10208118039603958_988624053_n

Струја снемало уште во четвртокот, во 14 часот. Вчера новата директорка на Национална галерија, Дита Старова, била на состанок кај министерката за култура Канческа Милевска, но од министерството се уште нема официјален став за овој проблем, заради кој 3 инстуции не можат да работат нормално.

– Директорката е менаџер на институцијата и таа требало да се грижи за финансиското работење, кратко одговори портпаролката на министерството, Анита Јовановска и за подоцна најави и официјален став на министерството.

Дита Старова која беше назначена за нов директор на Национална галерија пред околу десетина дена, не е достапна за коментар.

Таа утре заминува за Њујорк каде во Галеријата МЦ ќе има отварање на своја изложба и неизвесно е дали во текот на денешниот ден ќе успее да обезбеди нормално функционирање на галериите во Мала станица, Чифте амам и Даут пашин амам.

„Во Националната галерија на Македонија во објектот на Даут-пашиниот амам се наоѓа највредната колекција на уметнички дела на македонски автори, а во останатите 2 објекта (Мала станица и Чифте амам) е сконцентрирана современата ликовна продукција

2. Колекцијата на Националната галерија сега е вон климатизирани услови, изложена на зголемена влажност и температурни шокови и имплитуди поради што претстои опасност од оштетување на слики од кои некои потекнуваат и од 20-те и 30-те години на минатиот век, а се дела на основоположниците на Македонската современа уметност (Мартиноски, Личеноски, Папрадишки…).
3. На целата колекцијата поради неможност да се наполнат батериите на алармниот систем и е загрозена бебедноста и некој без проблем може да ја покраде оти чуварската служба не е обучена да функционира во средновековни услови,а имајќи ги во предвид искуствата од Археолошкиот музеј кражбите на националното богатство не се нешто ново за македонија.

4. Недопуштливо е национална галерија да нема алтернативно генераторско снабдување со струја а уште понедопуштливо е заради „ми е гајле„ односот на министерството и менаџментот на Националната галерија националното културно богатство да се третира со ваква неодговорност“, реагира Никола Писарев, историчар на уметноста.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска