На „Скопско лето“ почнува филмската програма „Кафе кино“

Од:

Со американскиот музички документарец „Битлси: осум дена во неделата“ снимен минатата година, вечер ќе почне „Кафе кино“ – филмска програма на фестивалот „Скопско лето“.

Документарецот во режија на Рон Хауард, кој имаше номинации за награди на неколку фестивали, е компилација од ретки снимки со интервјуа, музика и приказни од 250 концерти на култната група одржани меѓу 1963 и 1966 година.

Програмата „Кафе кино“ ќе трае до 18 јули. Проекциите на филмовите ќе бидат во Сули ан – Факултет за ликовни уметности и ќе почнуваат во 21 часот.

Утревечер на прогрмата е британскиот филм „Локи“, а од понеделник до крајот на „Кафе кино“ ќе бидат прикажани: „Само крајот на светот“, „Автопат на смртта“, „Јавачи на коњи“, „Вештерките од Зугарамурди“, „Панама“, „Меси“, „Малите виленици Пикси“, „Тони Ердман“ и историската драма „Израелска љубовна приказна“.

Влезниците за проекциите се по цена од 100 денари и може да се купат на благајната на ФЛУ – Сули ан.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи