На сцената на велешкиот театар вечерва премиера на „Тартиф“

Од:

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Тартиф“ од Жан Батис Молиер, во режија на Никола Ристов.

Актерската екипа ја сочинуваат Зоран Љутков како Тартиф, Јордан Витанов ќе го игра Оргон, Слободанка Чичевска ќе биде Елмира, Самоил Стојановски е во улогата на Клеант, Зорица П. Панчиќ како Дорина, Александар Вељановски како Дамис, Марија Стефановска како Маријана, Кети Борисовска како Госпоѓа Пернел, Жарко Спасовски како Валер, Александар Георгиев како Господин Лојал, Фаик Мефаиловски како Агент и Спасе Петрушев како Флипот.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите се на Александра Крнинова – Груев, а музиката на Сашко Костов.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он