На „Охридско лето“ вечерва концерт на пијанистот Рудин Ленго

Од:

Фестивалската програма на 53-то издание на „Охридско лето“ продолжува со музичкиот дел, со вечерашниот концерт на канадскиот пијанист со албанско потекло Рудин Ленго во катедралната црква „Света Софија“.

Настапите на Рудин Ленго музичките критичари ги оценуваат како „длабоки, имагинативни и исклучително комуникативни“. Изминатите неколку години тој има освоено повеќе награди на натпревари во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации.

Студиите по пијано Ленго ги има започнато во Албанија, за музичката наобразба да ја продолжи во Канада на повеќе образовни институции. Во моментот тој го заокружува образованието на „Glenn Gould School“ со престижната стипендија „Ihnatowycz Emerging Artist Scholarship“.

Има настапувано како солист во „Steinway Hall“ во Њујорк, „Minnesota Orchestra Hall“, „MacArthur Hall“ во Флинт, Мичиген, „Roy Barnett Recital Hall“ во Ванкувер, „Gateway Theatre“ во Ричмонд, како и на летните програми на фестивалите во „Banff Centre“, „Centre d’Arts Orford“, „Chautauqua Music Festival“, „Toronto Summer Music Academy and Festival“. Исклучителни негови настапи следуваат и на концерти и фестивали во Албанија и Канада.

На програмата на вечерашнито концерт чиј почеток е закажан за 21 часот се дела на Лист, Шопен, Мусоргски.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор