На „Охридско лето“ вечер со виолончелото на Александар Књазев

Од:

Првиот фестивалски ден од втората половина на „Охридско лето“ на програмата е концерт на рускиот виолончелист Александар Књазев, на сцената во катедралната црква „Света Софија“.

Књазев е лауреат на бројни интернационални натпревари и еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Роден е во Москва каде и го започнува изучувањето на инструментот виолончело на шестгодишна возраст под менторство на Александар Федорченко. Дипломира на Конзерваториумот во Москва во 1986 година, а потоа своите студии ги продолжува на Конзерваториумот во Нижни-Новгород, каде пет години подоцна дипломира на одделот по оргули во класата на познатата Галина Козлова.

Соработувал со извонредни диригенти како Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними Јарви. На полето на камерната музика негови партнери биле познатите руски имиња – виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет.

Покрај изведувачката дејност, Књажев се занимава и со образовна дејност. Тој е професор на Конзерваториумот во Москва, а редовно одржува и мајсторски-курсеви во Европа и Азија.

Неговата дискографија вклучува снимки со Борис Березовски, Дмитри Мактин, Николај Лугански, Филхармонискиот оркестар на Санкт Петерсбург, изведувајќи ги притоа некои од најзначајните дела од литературата наменета за виолончело од композиторите: Јохан Себастијан – Бах, Едвард Елгар, Сергеј Рахманинов, Фредерик Шопен и др.

На програмата на неговиот вечерашен соло настап се суитите 2,3 и 5 на Јохан Себастијан Бах.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма