На „Охридско лето“ вечер концерт на ексклузивниот гудачки квартет „МоцАРТ“ од Полска

Од:

Во рамки на музичкиот дел на „Охридско лето“ љубителите на класичната музика, но и пошироката публика вечер на сцената на Предворјето на Света Софија ќе можат да уживаат во едно од најголемите атракции на годинешното 54-то фестивалско издание, во целовечерниот концерт на ексклузивниот гудачки квартет „МоцАРТ групата“ од Полска.

Членовите на квартетот по пристигнувањето во Охрид изјавија дека голема чест за нив е што се дел од „Охридско лето“. Посочија дека после три години преговори и подготовки, задоволството им е уште поголемо што конечно ќе настапат на „Охридско лето“.

Филип Јаслар од „МоцАРТ“ квартетот упати повик до публиката да дојде да го види нивниот вечерашен концерт, да ужива во еден понаков начин на пезентација, доловување на класичната музика.

– Ние сме гудачки квартет, изведуваме класични дела, но на мошне невообичаен начин, ја спојуваме класиката со хумор, театар, движење. Вечерашниот концерт, кој е наш прв настап во Македонија, ќе трае час и половина, изјави Јаслар.

За тоа што може да очекува фестивалската публика од нивниот вечерашен концерт, Јаслар рече дека тоа е мошне тешко да се објасни со збор, оттаму што секое нивно појавување на сцената е поразлично од претходното, бидејќи тие нивните атрактивни изведби ги спојуваат со публиката, ја црпат енергијата во интерактивниот однос што го градат со гледачите.

– Ве уверувам дека вакво шоу досега фестивалската публика во Охрид досега нема видено, додаде Јаслар.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска истакна дека благодарение на соработката со Амбасадата на Република Полска, оваа година фестивалската публика ќе има несекојдневна можност да ужива во настапот на еден од најексклузивните гудачки квартети на денешницата.

– Интересот за концертот е огромен, посетителите почувствуваа дека се работи за навистина посебно уметничко доживување, додаде Јосифова-Неделковска.

Активноста на гудачкиот квартет „МозАРТ гроуп“ почнува пред речиси 20 години и оттогаш неговите членови неуморно одржуваат успешни настапи во целиот свет (Европа, Канада, САД, Азија). Досега имаат одржано повеќе од 3.000 концерти на четири континенти во светот, а нивниот професионализам и талент го потврдуваат и големиот број национални и интернационални награди кои ги имаат добиено, вклучувајќи ја и специјалната награда од Министерството за култура на Република Полска за исклучителни достигнувања и 15 години постоење на сцената.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје