На ДАФ во Кочани настап на Колашинскиот аматерски театар

Од:

Во рамки на меѓународната програма од годинешниот 52. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) на Македонија кој се одржува во Кочани настапија членовите на Колашинскиот аматерски театар од Црна Гора.

Пред кочанска публика ја изведоа едночинката за атерирање насловена „Авионспотинг“ на текст од Иво Брдар, а во режија на Зоран Ракочевиќ.

Во ноќниот термин настапија членовите на Драмската секција при гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово со претставата „Рибарски караници“ на текст од Карло Голдони, а во режија на Сара Илиќ.

Фестивалската управа на ДАФ после скоја одржана престава во фоајето на Центарот за култура организира разговори со актерите и публиката, кои ги води Димче Николовски, магистер по режија.

Вечер на четвртиот ден од ДАФ се очекува настап на аматерите од Србија. Здружението на граѓани „Цуг“ и Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање ке ја прикажат претставата „Водач“ на текст од Радоје Домановиќ, а во адаптација и режија на Бојан Јовановиќ. Во ноќниот термин ќе настапи Аматерскиот театар при Домот на културата „Пиво Караматијевиќ“ од Прибој, Србија, со претставата „Чаршија“ на текст од Душан Јанковиќ, а во режија на Милорад Дамјановиќ.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“