На 25 јануари специјална проекција на „Медена земја” во Љубљана

Од:

На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја”. Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар” ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам”. На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Веста дека документарен филм од Северна Македонија првпат во историјата на оскарите има двојна номинација не остана незабележано во словенечките медиуми, кои пишуваа за големиот успех.

Во промоцијата на „Медена земја” се приклучи и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија, која откупи дел од местата во Кинотеката за да бидат поканети и филмот да го видат другите амбасадори во Љубљана, но и дел од словенечкиот политички врв.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ