На 15 декември праизведба на претставата „Торонто експрес“

Од:

Најновата претстава на Македонски народен театар (МНТ) насловена „Торонто експрес“ ќе ја доживее својата праизведба на 15 декември. Претставата е работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф и е во режија на Јордан Симонов.

Главниот лик е доверен на маестралниот Александар Микиќ.

Исто така, од МНТ ја најавуваат и промоцијата на книгата „Торонто експрес“/„Тибам Штркот – апдејт“, која ќе се случи на 7 декември во просториите на книжарницата Литература во Ист Гејт Мол во 20 часот, а читателите со секоја купена книга добиваат ваучер/билет, кој ќе можат да го искористат во месеците што следат.

– Претставата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам Штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија, соопштија од МНТ.

Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта — дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

На адаптацијата на текстот работеа: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Како извршен продуцент се потпишува Виктор Рубен, сценографското решение е на Мартин Манев и костимограф е Роза Трајческа-Ристевска.

Следните изведби се закажани на 16 и 20 декември.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани