Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Од:

Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на музичката сцената. Актерките: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13. април во Public Room организираат диско перформанс кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее и забавува.

Младите актерки имаат направено досега невиден спој на театарска глума и музичко сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски перформанс кон музичко забавен. Несомнено е дека актерките се подготвиле за овој прокет, но и нивните вокални можности се на ниво на врвни вокалисти, а нивото на изведба е на добро извежбана театарска претстава.

При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето, „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од Public Room срeќна, весела и со желба за повторно видување.

Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на „Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. Ова е вистинската рецепта за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат а малку реализираат.

Билетите за настанот се купуваат на лице место.

Четврток, 13. април со почеток во 21:00 часот на сцената во Public Room, „Girls Night“ нуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс. Организаторите најавија „Треска на четврточната вечер“.

Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на Јавна соба.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“