„Музички орнаменти“ – изложба на скулпторот Емил Солески во Куманово

Од:

„Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески е насловена изложбата која ќе биде отворена вечер од 20 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“. Ќе биде претставена збирка од десетина скулптури во мермер коишто авторот ги изработил во изминатите години.

– Авторот овојпат организира самостојна изложба во Куманово, иако претходно редовно учествува на биеналните изложби „Скулптури на новто време“ кои ги организира кумановскиот центар за култура. Ги поканувам кумановци да ја проследат изложбата, бидејќи изложби на скулптури се сè поретки, изјави Роберт Цветковски од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Солески завршил вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал голем број самостојни изложби, учествувал на групни изложби, изработил монументални скулптури.
Изложбата ќе биде отворена до 21 ноември.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он