Музејот на Северна Македонија гостува во Софија

Од:

Изложбата „Црн петел, црвена кокошка – култови на плодноста: обреди, обичаи и верувања“ на Музејот на Северна Македонија денеска ќе биде отворена во Националниот етнографскиот музеј при Академијата за науки на Бугарија во Софија.

Изложбата презентира дел од култовите и обредите на плодноста што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Претставени се преку разни форми на предмети, на женски фигурини од предисторијата (антропоморфни и зооморфни жртвеници), опрема од обичаите под маски, велигденски јајца и делови од женската народна носија.

-Плодноста во најтесна смисла се поврзува со опстанокот на човештвото, но и со внесување елементи на еротика во секојдневниот живот на луѓето (ламби и садови со еротски сцени и претстави во антиката). Таа еротика на некој начин низ вековите се пренесувала и преку усното народно творештво со песни, приказни, поговорки и гатанки, како еден вид вербална магија, со цел да иницираат плодност и кај човекот, и кај природата, соопшти Музејот на Северна Македонија.

Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, а коавтори се Јасемин Назим, Александра Папазовска и Владимир Боцев.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска