„Музејот на невиноста“ – дом на застанатото време

Од:

Во својата репортажа насловена „Музејот на невиноста на Орхан Памук: Куќа на јунаците на истоимениот роман“ српската новинарка Драгана Матовиќ за novosti.rs пишува на својата импресионираност од Музејот на невиноста, лоциран во „лавиринтот на тесните и стрмни истамбулски улици“, инспириран од истоимениот роман на турскиот нобеловец Орхан Памук.

-Сокриен, како во старите времиња лицата на турските девојќи, со својата фасада со силна боја, зградата отскокнува од срушените и стари куќи во тивката улица Чукурџум. И денес, овој кварт потсетува на атмосферата на османлиското царство – пишува Матовиќ.

За да ѕирнете во светот на фикцијата на Памук потребно е пред вас да се отворат масивните дрвени порти.

Во стаклени комоди сместени се предмети кои раскажуваат необична љубовна приказна – домашни ситници, гардероба, играчки, шишенца за парфем, накит, влезници за во кино, плакати од филмови кои биле прикажувани во тој период, цигари какви што денес не се произведуваат, слатки кои никаде не може да се купат…

Според приказната на романот, вљубениот Кемал од станот на својата сакана Фусун краде ситници, предмети од нејзиното секојдневние и од тоа прави еден вид светилиште.

Нешто слично правел и самиот Памук додека го пишувал романот – ги собирал истите предмети како и неговиот главен јунак, купувал во антикварници и пазари со цел да материјализира цел еден свет за кој раскажува. Некои предмети дури и го пренасочувале текот на дејството.
Поради Фусун, Кемал ги погазува сите социјални правила. Со потекло од богато семејство, школуван во Америка, се спрема за веридба со девојка која се вклопува во неговиот свет. Но, сосема неочекувано додека ја подучува математика, се вљубува во својата сиромашна далечна роднина, осумнаесетгодишната Фусун.

Повредена поради неговата веридба, таа исчезнува од неговиот живот. Тој пак, го напушта својот претходен свет и трга во потрага по неа. Неговата опседнатост не се намалува дури ни кога конечно ја пронаоѓа и дознава дека таа се омажила за друг.

Почнува редвно да контактира со нејзиното семејство и да ја посетува. Почнува да собира се нејзино, од отпушоци од цигари до изгрицкан линијар од часовите по математика. Токму таков изгрицкан линијар е дел од музејските експонати.

Памук изјавил дека сакал само „да направи место каде ќе го запре времето“. На тоа потсетува и платното изложено во приземјето каде се прицврстени 4.213 пикавци од цигари на Фусун запалени помеѓу 1976-та и 1984-та година.

Од блиску може да се види дека дел од нив се обоени од розов кармин или сладолед од вишна кој таа го обожувала.

На три ката во 83 стаклени комоди кои одговараат на секое поглавје од романот изложени се запалки, обетки, фотографии, статии од весници, трицикл, машина за пишување, некроог, порцелански фигури, машинка за бричење. Голема е и колекцијата на рачни млинови кои говорат за опсесивната природа на протагонистот. Валканите шолји за кафе и допола изедени парчиња диња потсетуваат на секојдневието на главните јунаци.

На последниот кат на куќата која изгледа како голем кабинет на љубопитството посетителите ги чека изненадување: креветот во кој помеѓу 2000-та и 2007-та година Кемал на Памук му ја раскажал својата приказна. На другата страна од просторијата изложени се оригиналните ракописи направени во текот на пишувањето на романот.

Идеата за музејот на невиноста памук ја добил во 1992-та година додека вечерал со последниот кнез на отоманската империја. Прогонет по формирањето на турската република кнезот се иселил во Александрија и со децении работел во музејот Антониадис палас. Прво продавал билети, а подоцна станал директор. После цели 50 години се вратил во Турција и потребна му била работа.
Памук музејот го лоцирал во зградата каде кнезот живеел како дете. Така тој станал „кустос во сопствениот дом“

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ