Музејот на Македонија ја отвора изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“

Од:

Делови од народни носии и накит, како и предмети за домаќинство направени од дрво, текстил, метал и грнчарија, ќе бидат дел од изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“ што ќе ја отвори вечер Музејот на Македонија.

Како што информира Музејот, експонатите датираат од периодот меѓу 19. и средината на 20 век, а во себе ја носат колективната историска и емоционална меморија на заедниците: Албанци, Турци, Роми и Власи. Тие ги раскажуваат приказните за минатите времиња и културните достигнувања на етничките групи, со што се потврдува и зачувува нивниот идентитет.

За отворањето е најавено присуство на министерот за култура, Асаф Адеми, на министерот за дијаспора Едмонд Адеми, како и на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Пред присутните ќе зборува директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска