Македонскиот мултимедијален уметник Златко Крстевски од Прилеп, од денеска до 14 октомври ќе учествува на јубилејниот, 15-ти фестивал во Призрен, насловен „15-th Edition of International Cartoon Festival“ кој се одржува во „HAMAM- Gallery“.
Годинашнава тема на Фестивалот е „Книга и технологија“. Фестивалот ќе биде отворен утревечер, на 13 октомври, од 19 часот во „HAMAM- Gallery“ во Призрен.
На отворањето, вели Крстевски, аторите-учесници на Фестивалот ќе цртаат за публиката.