Во организација на институтот „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) – Истражувачки центар за ареална лингвистика денеска во конференциската сала на УЈИЕ во Тетово беше отворена меѓународната научна конференција „Мултикултурализам и јазичен контакт“.
Според раководителот на истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ професор доктор Марјан Марковиќ главните теми на конференцијата се разработување на мултикултурализмот од повеќе аспекти – социолошки, делумно политички и главно јазичниот контекс.
– Токму јазичниот контекс ќе фрли повеќе светлина врз влијанието од долгогодишните и долговековните контакти на јазиците од овие простори односно од научен апект да се расветлат одредени прашања поврзани со мултикултурализмот. Ние сметаме дека тоа се прашања што се дел од нашиот живот, но и пошироко во Европа и светот мултикултурализмот се разгледува од повеќе аспекти, а најмногу како луѓето носејќи ги своите култури и други делови од живеењето живеат и соработуваат во едно општество каде што има повеќе такви култури и дали се слеваат или задржуваат делови од својата посебност, рече Марковиќ.
Додаде дека во однос на јазиците македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици, но, како што рече, во својата структура има многи елемнти од други балкански јазици. – Ароманскиот, албанскиот, долги година тука се зборувал и турскиот јазик што можеби нема влијанеи врз структурата но секако таа многухјазичност влијаела и врз развојот на јазиците. Целта е да се покаже и колку сегашните јазични кодови се повлијаени и во колкава мера останале самостојни или поради тој контакт се измениле и се приближиле кон структурата на другите јазици, истакна тој.
За Марковиќ и самиот факт што во сите балкански јазици има изрека што вели дека јазиците се богатство и колку јазици знаеш толку вредиш покажува на нивното меѓусебно влијание.
– На овие простори секогаш особено постарите генерации зборувале многу јазици и секогаш се разбирале. Луѓе без големо образование го знаеле јазикот на својот сосед, а тоа разбирање водело кон проширена употреба на повеќе јазици, но и поголемо разбирање на културата на другиот. Навистина е непријатно во дваесет и првиот век да се свртиме назад и да видиме дека нашите стари знаеле повеќе јазици и се разбирале, а ние сега да правиме пречки на тоа изјави Марковиќ.
Познатиот балкански лингвист и професот од универзитетот во Чикаго Виктор Фридман смета дека нема никакво негативно влијание од познавањето на повеќе јазици врз човековата личност.
– Сите експериментални податоци и врз младите и врз поворасните покажуваат дека повеќејазичноста е добра и за развојот на мислењето и мозокот така што тоа нема никакви негативни и лоши последици и влијание освен од политичарите што саккарт да го злоупортребат овој процес рече Фридман.
Професорот Ендрју Гудспид од УЈИЕ рече на конференцијата учествуваат професори од целиот свет особено од Европа.
– Оваа конференција е во правец на нашето залагање на повеќејазичнот и мултикултурализам и сметаме дека тоа е и показател на оваа држава каде повеќе јазици и култури се во секојдневен контакт, истакна тој.
Конференцијата „Мултикултурализам и јазичен контакт“ утре продолжува со работа во зградта на МАНУ во Скопје.