МТФ „Војдан Чернодрински“ гостуваше во Велес

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа беше изведена претставата „Приказни од шестиот кат“ според раскази на Драги Михајловски, во режија на Деан Дамјановски.

Претставата е меѓу 13-те во конкуренција за награда на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и наместо таму беше изведена во Велес, а поголем дел од публиката беше донесена со пет автобуси од Прилеп.

Прилепската театарска публика беше одушевена од новиот објект на Велешкиот театар, како и од претставата на ансамблот од Велес, во која главната улога ја игра актерот Васил Зафирчев. По два и пол часа игра на сцена, екипата беше наградена со громогласен аплауз.

Практиката да излегува од Прилеп МТФ ја почна лани кога публиката отпатува на сцената на МНТ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он