Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола

Од:

Натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ продолжува со три нови монодрамски проекти на актери од Холандија, Полска и Израел.

Фестивалската вечер ќе ја отвори актерката Фунда Мујде од театарот во Амстердам, која ќе ја изведе монодрамата „Количка“ во режија на Вими Вилхелм и Челил Токсуз.

– Десет години сум во инвалидска количка. Бев параглајдерист, а по сообраќајната несреќа не можев да се помирам дека не можам ништо да работам ниту во домашната кујна. Но, го открив рачниот велосипед и почнав да патувам. Патував насекаде, дури од Амстердам до Истанбул уживајќи во природните реткости и убавини. Монодрамата „Количка“ всушност е дел од тие сведоштва искажани на комичен начин. Во претставата пренесувам многу автобиографски податоци поврзни со мојата борба против депресијата, но и емиграцијата со која се соочуваат многу луѓе, истакна актерката Мујде во пресрет на вечерашниот фестивалски настап.

Пред битолската публика вечер ќе настапат и актерката Виолета Комар од Полска која ќе ја изведе монодрамата „Дива“ на Магдалена Гауер во режија на Станислав Мјеџиевски, и израелскиот актер Виктор Атар – член на театарот „Завта“ од Тел Авив кој ќе ја изведе монодрамата „Голгота“ од Шмуел Рафаел во режија на Гела Јефет-Атар.

Интернационалниот фестивал на монодрама го организира НУ Центар за култура-Битола, а покровител е Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање