МНТ со претставатата „Само глас“ ќе гостува на „Охридско лето“

Од:

Во рамките на годинешната богата фестивалска програма на 61. Интернационален фестивал „Охридско лето“ ќе учествуваат петстотини врвни и афирмирани уметници од осумнаесет земји од светот меѓу кои и Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак.

Фестивалот оваа година нуди атрактивна и квалитетна драмската програма, од домашната и странската продукција.

Отворањето на фестивалот беше на 12 јули и ќе трае до 20 август, а нашата уникатна комуникациска современа музичка драма „Само глас“, која изобилува со многу страст, емоции и енергичност ќе се одигра во Долни Сарај на 6 август со почеток во 21 часот.

„Само глас“ својата праизведба ја доживеа на 26 мај оваа година.

Ова за претставата е второ фестивалско претставување, а охридската публика и љубителите на театарската уметност годинава ќе имаат прилика да уживаат во квалитетната театарска игра на првенците од ансамблот на МНТ — Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор